• LEONOV DVOR
  • SPECIJALITETI
  • S.KURATICA
  • TURIZAM
  • CONTACT
ЛЕОНОВ ДВОР - се наоѓа во срцето на село Куратица , во самиот центар , на спроти селското училиште.
Во склоп на фирмата КРСТЕЦ КОМЕРЦ , работи ЛЕОНОВ ДВОР кој ви нуди одлична можност да избегате од градскиот метеж и сами или во групи , со претходна најава за организација да бидете во спој со недопрената природа и изворната традиција.
Многу чести наши гости се странските државјани , кои претстојуваат во Охрид и не посетуваат на едно дневни тури , организирани од нивните тур-оператори.
Нашиот капацитет е околу 50 седишта.
Исто така нудиме и традиционална прошетка со магариња.
Ве очекуваме............ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА..............
Селото Куратица се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 км. северно од патот Охрид — Ресен. Сместе-но е во пазувите на планинскиот масив Мазатар (Бајрак 1635 м) на надморска висина од 1080 метри. Селото е расположено во тесна карстна долина околу една суводолица која надојдува за време на посилни врнежи и прави штета врз домовите и нивје-то. Заради конфигурацијата на теренот селото има издолжен об-лик во насока северозапад — југоисток и спаѓа во селата со збиен тип на куќи, со мали дворишта. Се дели на три краеви: Горна Маала, Долна Маала и Средна Маала. Во Долна Маала се наоѓа селската црква Св. Никола пред чиј влез е заедничката гробница на загинатите борци во Наро-дноослободителната војна од ова село. Во непосредна близина на црквата се наоѓа Килимарницата изградена во текот на 1982 година, шго работи во состав на 33 „Рашанец" од Охрид.
Picture
Powered by Create your own unique website with customizable templates.